Владата на последната седница донесе одлука за замрзнување на цените со што млечните производи ќе поевтинат за 10 %, а тестенините за 15 отсто, а одлуката стапува во сила од 16 март.
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека за оние кои нема да се придржуваат до одлуката предвидени се казни од 800 до 10.000 евра, објави порталот СакамДаКажам
„Пазарниот инспекторат е постојано на терен со сите свои расположливи ресурси и ќе продолжи да врши надзори во согласност со законските надлежности, но и ќе постапува по одлуките на Владата. Во случај да се утврди прекршување на одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија. Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор“, велат од Пазарната инспекција за СДК.







