До 1 јули нема да поскапи струјата, што потоа?!

Ако нема енергетска криза, нема потреба и од зголемување на цената на струјата, вели министерот за економија. Според Крешник Бектеши, до 1 јули граѓаните да спијат мирно, а потоа се ќе зависи од берзанската цена на струјата за домаќинсвата. Според Законот за енергетика, цените се одредуваат два пати годишно.



Во трката за нов универзален снабдувач со струја се три компании од кои веќе се пристигнати понуди. Постапката е во тек, а до крајот на април ќе биде донесена соодветна одлука за снабдувач согласно законските рокови. Паралено, Министерството за економија ќе доделува ваучери за купување и инвертер клима уреди, со цел зголемување на енергетската ефикасност во домовите. Станува збор за над 7.000 ваучери од по 25.000 денари.

Претходно, добар дел од граѓаните се пожалиле на високи сметки за струја. Министерот рече дека цената на струјата во блоковите е транспарентно објавена на веб страната на РКЕ, а секоја поплала ќе биде разгледана, по што ќе се делува.