Джавната комисија за спречување на корупција (ДКСК) оцени дека назначувањето на Бојан Лазаревски за в.д. директорот на Агенцијата за филм на 15 декември 2020 година од страна на Владата е спротивно на прописите.



Контроверзно за ова лице, објасни Владимир Георгиев, член на ДКСК на денешната конференција, е дека во исто време тој е и член на Управниот совет на Агенцијата за филм.

Тој истакна дека оваа проценка е донесена во согласност со Законот за спречување корупција и судир на интереси и затоа ДКСК на овој начин дејствува превентивно и ѝ порачува на Владата, уште на денешната седница, како што рече, да го разреши ова лице од членството.