Државната комисија за спречување на корупција поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Хусни Исмаили, поранешен министер за култура.
Исмаили склучувал договори со финансиска рамка поголема од предвидената во буџетот. Во постизборен период потпишал околу 100 договори и анекс договори и со тоа создал обврски за Буџетот за 2020 година на Министерството за култура од над 33 милиони денари.
Екс-министерот функцијата ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година.
Тој е пријавен за сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.
Исмаили е предложен за потпретседател на Собранието според новиот коалициски договор на актуелната власт со Алтернатива.







