Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оценува дека нема основа да се отфрли предлогот на Алтернатива, по формирањето на новата влада, потпретседател на Собранието да биде, Хусни Исмаили.
За поранешниот министер за култура, Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривична пријава бидејќи трошел пари како екс министер во период кога законски не смеел да го прави тоа.
„За Собранието нема пречка тој да се избере за потпретседател. Се додека некој не е осуден со правосуден акт, презумцијата на невиност е над сите иницијативи, порача Џафери на брифинг со новинарите.







