ДКСК: Директор се поставил сам себе за свој советник (ВИДЕО)

После инцидентот, каде ДКСК откри дека директор на ЈП, сам се вработил по истекот на мандатот во истото претпријатие, денеска се обелодени уште еден сличен инцидент каде директор се поставил сам себе да се советува.



Ова го откри за Утрински брифинг Катица Николовска од ДКСК, пишува „Слободен печат“.

Целта била директорот да си обезбеди за себе работно место, така што после завршувањето на неговиот мандат како директор, би можел да се врати во институцијата како вработено лице.

  • Симптоматично беше што директорот на ЈП дава оставка од функцијата директор, се бира в.д директор, па понатаму оди конкурс за избор на јавни службеници, па после повторно оди конкурс за избор на директор. Сето тоа би било во ред доколку, како главна улога во сета таа постапка не е едно исто лице односно директорот во ЈП, рече Николовска, член на ДКСК.
  • Самата постапка нема слабости, констатира комсиијата и се е согласно законите и роковите, а комисијата за селекција го избира кандидатот – директорот, но доколку стариот директор, сега јавен службеник, не се јави како единствен кандидат за директор и градоначалникот го бира него повторно за директор на ЈП.