Дизелот поевтинува еден , бензините по пола денар

Од полноќ дизелот и есктра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за по еден денар, а за половина денар поевтинуваат бензините, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.



Дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 49,5 денари по литар.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 58 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60 денари за литар.