Од ноќеска на полноќ ќе се намали цената дизелот за 1,5 денари, а на бензините за 0,5 денари, одлучи Регулаторната комисија.



Малопродажната цена на „еуродизел“ од утре ќе изнесува 50,50 денари за литар.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 59,50 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 61,50 денари.

За 1 денар за литар се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 50,50 денари .