Како што најави Марко Бислимовски вечерва во гостување на Телма, Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, кој ќе важат по полноќ.
Најголемо поскапување, има кај дизел-горивото, кое од полноќ ќе се продава за осум и пол денари повеќе по литар (95 денари).
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 93,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 по новата цена е 95,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) „скокна на“ 94,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) е 90,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 59,165 (денари/килограм)
РКЕ ја информира јавноста дека цените на сите нафтени деривати на светските берзи во споредба со претходната пресметка бележат зголемување…
“Донесовме одлука со која ја намаливме трговската маржа за 33% на сите трговците со нафтени деривати. Ова е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање. И сега го активираме затоа што ова се вонредни услови, и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст. Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесат,“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.







