Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, вели дека објектот пред ТЦ „Мавровка“ ќе биде урнат веднаш штом заврши тендерот за избор на фирма за отстранување на дивоградби



„Нормално дека ќе го урнеме објектот. Рокот од 8 работни дена што го дадовме на тој што гради да го отстрани објектот, истекува денес. Доколку никој не го отстрани објектот до крајот на денот, Општината тоа ќе го стори веднаш штом заврши тендерот, кој го објавивме веднаш за да можеме да реагираме за настаната ситуација“, вели Ганиу. за СакамДаКажам.

На 27 јули општина Чаир распиша тендер за уривање на бесправно изградени објекти, а до средина на месецов, ќе биде избрана фирмата.