Мечка влегла во домот на екс пратеникот Латиф Пајкоски во селото Жировница во општина Маврово Ростуше по што тој вели дека за да се спречи да настрада некој на граѓаните им останува да се самоорганизираат.
Пајковски алудира на законот кој ги штити мечките од убивање но и на неодамнешниот инцидент во овој крај кога граѓани соочени со диви ѕверови во самоодбрана убиле две од нив.
,,Синоќа 22,00 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката а ништо не превземате да го заштите населението, повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница но не сами туку и вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со сѐ што располагаме. Нека ова биде и едно од последните укажувања”, пишува Пајкоски кој е револтиран што законите ги штитат мечките а никој не ги штити луѓето од мечките.

Дел од јавноста и активистите за заштита на животните при убиството на двете мечки ги нападнаа луѓето што ги убиле мечките но никој не се запрашува што да прават луѓето кои се жртва на наезда на мечки, диви свињи и други животни кои во последниве месеци се почесто влегуваат во селата и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.





