Директорот разрешен, мерките сè уште важат, на министерот нема кој да му верува

Ќе си даде ли Филипче оставка од морални причини?



Ова е едно од прашањата до него на социјалните мрежи откако тој го разреши директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери кој влијаел на носење штетни мерки а мерките остануваат да важат и Филипче и владата истите ги спроведува.

“Која е смислата да се разреши директорот заради штетни и животно загрозувачки одлуки, а истите одлуки да продолжат да важат!?”, прашува на Твитер друг граѓанин за кого не е логично изјавите на Зибери да се поштетни од мерките кои се уште се на сила.

Доколку Филипче не се согласува со мерките и тврди дека се штетни тогаш тој може од владата да се укинат или пак од морални причини да си даде оставка.

Засега не се случува ни едното ни другото.