Директорот на загубарот МЖ-Транспорт се поднови со луксузен автомобил

Загубарот Железница – МЖ Транспорт купи нов автомобил – луксузен „Форд Мондео Титаниум“., модел, којк поради карактеристиките и опремата е наречен „автомобил за агент 007“, алудирајќи на Џемјс Бонд и софистицираните возила кој тој ги вози во филмовите, објави Алсат М.



Новиот автомобил препознава замор кај возачот, предупредува кога ќе се напушти коловозната лента, стартува без клуч, но и да може сам да се паркира.

Договорот Железница го потпишал на 22 – ри април, а на јавниот повик се пријавила само една компанија. „Форд Монедо Титаниум“ има две илјади кубни сантиметри и минимум 147 коњски сили и ТДИ мотор.

Директор на МЖ – Транспорт е Аднан Азизи. Загубите во железничкиот транспорт во земјава достигнаа 8,3 милиони евра. Во превозот на патници, загубите на Железница само за лани се 700 илјади евра, додека во транспорт на стоки 2,3 милиони евра, потсетува Алсат М.