Сите вработени во скопски „Водовод“ кои ги разреши новиот директор Марјан Митовски ќе бидат вратени на работа. Оваа одлука ја донел Управниот одбор на претпријатитето, на седница во петокот.
Врз основа на одлуките на Управниот одбор, сите 93 вработени за кои директорот лично сметал дека се непотребни во претпријатието, ќе бидат повторно вработени, согласно претходниот оглас за вработување до крајот на оваа година. На истата седница се укинати и сите незаконски задолженија за над 30 вработени кои директорот поради лични желби ги распоредувал на пониски функции несоодветни за ни, велат од Синдикатот на претпријатието.
Тврдaт и дека директорот им се заканувал на вработениете дека ќе ги отпушти, доколку не се придржуваат до неговите правила.
Кашиковски вели и дека на седницата во петокот директорот ја признал вината за отпуштањата, а истиот ден вработените во „Водовод“ предупредија на блокади и штрајкови ако не биде разрешен директорот Митовски. Тогаш вработените го обвинија дека отпушта работници, им се заканува и најавува нова систематизација.
Синдикатот се спротиставил на неговите одлуки за отпуштање на персонал, бидејќи тие согласно законските прописи имаат улога во одобрување на секоја измена на систематизацијата.
Неправилностите за работењето на директорот Митовски ги потврдила и Трудовата инспекција, која констатирала незаконски прераспределби на работни места.





