Покрај товарни возила државната МЕПСО ќе набавува и патнички возила за 1,2 милиони евра, но и една лимузина за директорот.
Според тендерската документација покрај што треба да е дизел возило, металик црна боја, МЕПСО бара лимузината да има:
„Систем за препознавање и предупредување на замор кај возачот или еквивалентен систем, систем за автоматско одржување на растојанието до возилото напред, систем за автономно сопирање при ризик од фронтален судар на мали брзини, предни светла во Ксенон или ЛЕД изведба, систем за миење на предни светла, централен потпирач за раце за патниците на задните и предните седишта, алумински тркала, патен компјутер, темпомат“ – стои во тендерската спецификација, јави телевизија 24.
МЕПСО во јавноста беше прозван и за набавката на мебел вреден над 320.000 евра, во која влегуваа и фотелјите од природна телешка кожа.




