„Во стручноста на професорот Јовев, не навлегувам, ова е менаџирање на клиниката. Тука стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето. Има извештај за тоа зошто е разрешен. Имаше разрешување и во Тетово за неприсуство на работното место. Немаме таков луксуз, за такво нешто. Нема да дозволиме такви директори“, Министерот за здравство Фатмир Меџити во вечерашното интервју на телевизијата „24



Д-р Сашко Јовев претходно во изјава за „Фокус“ рече дека една од причините е што одбрал датум за јавен настан – отворање хибридна сала на Клиниката – кој бил предложен од премиерот Димитар Ковачевски, а не од министерот Меџити.

„Двајцата кажаа различни термини на кои им одговара денот кога да се официјално пушти во употреба хибридната сала, но премиерот инсистираше на одреден датум со оглед на бројните активности што ги има. Се одлучивме за таа дата и тука се налути министерот, кој не се појави на самиот настан“, рече Јовев за „Фокус“.

Меџити на ТВ „24“ додаде дека инспекцијата утврдила неправилности и „големи злоупотреби“ на Клиниката за кардиологија и затоа потпишал решение за разрешување на, како што рече, „почитуваниот професор д-р Јовев“, кого „како доктор многу го почитува“.

Министерот не кажа што за македонското здравство има постигнато проф д-р Сашко Јовев, ниту дека ја запиша Македонија на мапата на земји во светот каде успешно се вршат трансплантации на срце, а не ги спомена ниту државните награди за постигнувања во медицинската наука, пишува порталот МКД.Мк.

МКД.мк дознава дека најголемиот број од вработените во Кардиохирургија планираат еден ден во знак на протест и поддршка за д-р Јовев, да не отидат на работните места, а подготвиле и писмо за министерот кое по настанот на кој тој даваше изјава треба да му биде достгавено од неговите службеници.

Неофицијално, нов директор на оваа Клиника ќе биде Ваљон Асани, кој е интервентен кардиолог, а не е кардиохирург .