Директорот на Канал 5 откри можен дефект во уставот кој албанците ги става во полоша позиција од другите заедници

Директорот на Канал 5 Иван Мирчевски на својот профил на социјалната мрежа LinkedIn открива можен дефект во уставот кој албанците ги става во полоша позиција во однос на другите заедници во Македонија.



Мирчевски забележува дека само кај албанците стои дека се дел од народ а сите други набројани малцинства се наведени без додавката дека се дел од други народи односно дека се рамноправни со македонскиот народ.

Тој бара да се отвори јавна дебата за можниот дефект на уставот.

,,Се сметам за паметен дечко ( да, можеби звучи самобендисано ама барем сум искрен 😉 ), и пошто Уставот ( преамбулата ) ни е главна тема во медиумското, политичкото и општествено живеење, еве им „фрлам ракавица“ на следниве категории на интелектуалци:
– Правници, лектори, експерти, лингвисти и др. ( јас не припаѓам ниту во една од овие категории ) со цел да ја потврдат или отфрлат мојата теза дека и сегашната преамбула е ДЕФЕКТНА!!!

Имено, таа во својот почеток гласи:
„Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“

Според Мирчевски единствена етничка група која е дел од некој народ се АЛБАНЦИТЕ. Другите се нотирани како народи, еднакви на македонскиот.

,,Сметам дека, за да бидат правилно нотирани сите етнички групи, би требало да стои пред сите народи оваа фраза – “дел од …“,
или можеби можела да биде напишана вака
„Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, делови од: албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите народи“.

Или „Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот , турскиот, влашкиот, српскиот , ромскиот, бошњачкиот народ и другите народи“.
Уште еднаш – моето мислење дека во сегашната преамбула на Уставот на Македонија само Албанците се буквално нотирани како малцинство , а другите делови на народи (малцинства) имаат потполно ист статус како и мнозинскиот, македонскиот народ.

Ајде да ги видам вашите мислења, особено на лингвисти, правници и останати интелектуалци”, пишува Мирчевски кој ги користи хаштазите:
#Macedonia #constitution #mistakes #preamble #Bulgaria #kanal5