Директорот на Канал 5 има креативно решение за влез на Бугарите во Уставот и почеток на преговорите со ЕУ

Директорот на Канал 5, Иван Мирчевски нуди „едно креативно решение за влез на Бугарите во Уставот и почеток на преговорите со ЕУ“.



Неговиот предлог ви го пренесуваме во целост: Поради фактот што Македонија се наоѓа во ситуација која е речиси политички безизлезна, пред се поради преземените обврски за почеток на преговорите со ЕУ, како и несогласувањето на опозицијата и поголем дел од граѓаните на Македонија за внесување на дел од бугарскиот народ во Уставот, како граѓанин но и медиумски работник и автор на највлијателни и најгледани политички ТВ емисии, предлагам едно креативно компромисно решение, со што сметам дека нема да има “губитничка” политичка партија.

Внимавајте како го “решавам” делот со внесувањето на Бугарите. Секаде каде во Уставот треба да се додаде терминот “дел од бугарскиот народ” ќе се реферира на чл.4 од предлог заклучоците на Советот на ЕУ. На овој начин Бугарите и формално правно се во Уставот, но не и “безусловно”. Преамбулата би гласела вака: 1.Граѓаните на Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот, црногорскиот, хрватскиот и еврејскиот народ како и, според Предлог заклучоците на Советот на ЕУ од 2022, бугарскиот народ и другите…(следува остаток од преамбулата ). 2. Истиот ден се закажува и седница за т.н. „Закон за преговори со ЕУ“ , односно ќе биде правен акт со обврзувачка моќ кој мора да ги содржи следниве моменти и тоа: – Доколку во текот на преговорите за полноправно членство во ЕУ, Бугарија ја блокира Македонија по била која основа поврзана со т.н. „договор за пријателство, добрососедство и соработка“ или пак блокирањето е во спротивност со Резолуцијата од Јули 2021 год. усвоена во македонскиот парламент, актуелната влада во тој момент е обврзана да ја извести бугарската страна дека т.н. „договор за пријателство, добрососедство и соработка“ со Бугарија е вон сила и повеќе не произведува правен ефект. Претседателот на Собранието е должен во рок од 8 дена да свика седница со една точка – бришење на делот од бугарскиот народ од Преамбулата на Уставот ( со нова парламентарна постапка ), и известување до Советот на Европа дека Бугарија еднострано ги прекрши круцијалните точки од договорот. – Доколку во текот на преговорите за полноправно членство во ЕУ, Бугарија не ја блокира Македонија, веднаш по завршувањето на истите и откако Македонија ќе стане полноправна членка на Унијата, дефиницијата на делот од бугарскиот народ во Преамбулата на Уставот кој е поврзан со Заклучоците на Советот на ЕУ од 2022, ќе биде сменета само во „бугарскиот народ“.

*Комисија од сите парламентарни чинители ќе го допрецизира овој Закон за преговори со ЕУ, со што секој оној кој ќе ја води егзекутивната власт во Македонија, доколку се случи вето од Бугарија, во секој момент ќе има законска облигација и правен лек за да постапи по истото. Како човек кој ја гледа Македонија во модерна Европа, сметајте го овој мој пост како еден мој мал придонес кон тој пат – пишува директорот на Канал 5, Иван Мирчевски.

  • No alternative text description for this image