Директорот на Интерпол е уапсен во Кина

Исчезнатиот директор на Интерпол Менг Хонгвеј бил, всушност, приведен на распит во матичната земја, Кина, веднаш откако пристигнал во земјата, известува весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ од Хонг Конг.



Хонгвеј беше пријавен за исчезнат откако на 29 септември од седиштето на Интерпол во Лион, Франција, заминал дома во Кина.

Весникот посочува дека не е познато каде во моментов се наоѓа 64-годишниот Менг и за што го товарат кинеските власти. Менг, кој беше избран за претседател на Интерпол во ноември 2016 година, пред изборот на оваа функција беше потпретседател на кинеската Комисија за контрола на наркотиците и директор на Националната служба за борба против тероризмот.

Во април годинава Менг беше разрешен од должноста член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.