Директорот на Фондот за иновации Коста Петров на фејсбук објави дека во саботата при утринско возење паднал од велосипед и ги скршил двете раце.
Од минувачите на Кеј била повикана Брза помош и бил пренесен во Клиничкиот центар.
„Најголема благодарност до персоналот на Клиниките за траума и ортопедија, особено до доктор Александар Трајановски и доктор Александар Савески, за грижата и посветеноста. Сега следува период на рехабилитација и одмор, а за неколку недели продолжуваме со уште по забрзано темпо“, напиша Петров.








