Директорот на болницата се повлече – сега бара да не се донира за болничко возило

Директорот на болницата во Струмица Наќе Гогов кој попладнево ја шокираше јавноста со барање пари од граѓаните за купување болничко возило се премисли.



Веќе не му требаат донациите.

“После сите негативни коментари, го повлекувам статусот и упатувам апел да не се донира”, напиша директорот, функционер на СДСМ откако го избриша статусот во кој бараше граѓаните наместо Филипче да му купат амбулантно возило.

Влегуваме ли во хаос: Директор на болница бара донации за битка со Ковид-19