Директорот кому му пречат македонски артефакти има косовско државјанство

Заменик-директор на Агенцијата за иселеништво, Измит Нури, кој од вработените побарал да се тргнат сите национални и верски артефакти од службените простории, има државјанство на Косово.



Според извори во институцијата, во просториите на Агенцијата има голем број промотивни постери на кои се прикажани верски објекти и локации во кои доминираат православни културни споменици.

Поседувањето на косовско државјанство отвора дилема дали Нура ќе работи за македонската дијаспора или, пак, за таа од државата чии пасош и лична карта поседува.