“Директорката со магарето” 18 месеци знаела за можен криминал во финансираната берберница

Директорката на Националната агенција за младинско образование и мобилност Лидија Димова од лани во април имала информации дека во проектот во кој биле дадени 270 илјади евра на берберница има индиции за криминал.



Според документите кои се појавија на социјалните мрежи Лидија Димова која стана славна со финансирање на тренинг на магариња и берберница пред 18 месеци добила официјални барања да ги истражи наводите за криминал во проектот што го финансирала.

Како резултат на индициите за нерегуларности друг член на проектот за берберницата бара целосно изземање и од страв дека може да има правни последици бара целосно да биде тргната на страна од работата на носителот на проектот Златковски со кој Димова одела заедно на кафеански седенки.