Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска која, по враќањето од Италија веднаш се појавила на работа, ќе биде суспендирана поради непочитување на препораките за заштита и ширење на коронавирусот.
Министерот Венко Филипче денеска на прес конференција речле дека мерки против Биљановска мора да бидат преземени.
Наместо да биде во самоизолација, се јавила на работа.
Случајот со Биљановска не бил пријавен претходно како што се шпекулираше во јавноста, а таа им се заканувала со отказ на колеги кои барале таа да пријави дека била во Италија.





