Директорката на ПИОМ, Билјана Јовановска, вели дека воопшто нема простор за паника или страв кај пензионерите во делот на сервисирање на пензиите.
Во гостување на „Утрински брифинг“, Јовановска вели дека буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во одлична кондиција, пренбесува Слободен печат.
Се тече како што е планирано, има прилив и сервисирањето на пензиите до крајот на годината ќе биде редовно, па дури би рекла и предвремено, односно на крајот од месецот.
И покрај тоа што е ковид криза, знаемe дека владата презема низа на мерки и активности со што се зачуваа работните места, со тоа се уплаќаат и придонесите ов Фондовите. Покрај тоа има проекти и мерки во изминатата години, а верувам и оваа, за отворање на нови работни места. Во одредени сектори имаше намалување на бројот на вработени, но затоа во други сектори се зголеми бројот на вработените, се отворија нови работни места. Така што балансот остана на една права линија, односно Фондот до крајот на годината е во сосема стабилна состојба – пензионерите можат да бидат спокојни, вели Јовановска.
Имаме тренд на зголемување на просечната пензија и во 2021. Јас верувам дека со усогласувањето што ќе биде и во јули, ќе има зголемување на просечната пензија, со тоа што кога ќе се стабилизира севкупната економска состојба во државата повеќе од сигурно е дека владата ќе преземе активности за евентуално покачување, вели Јовановска.






