Освен тоа што по скијањето на Алта Бадиа, во северна Италија, на Клиниката за дерматологија се поздравила со сите колеги на работа, во саботата им одржала и предавање на стотина колеги што учествувале на стручното предавање на тема „Дермоскопија немеланомски карциноми на кожа“ во ресторанот „Рагуса 360“ во Скопје. Меѓу нив имало и странци, дознава МКД.МК.
Докторката цела недела редовно доаѓала на работа, а министерот Венко Филипче денеска изрази разочараност што таа како медиицинско лице не ги почитувала препораките.
Клиниката за дерматологија во Скопје е целосно затворена, целиот медицински персонал веќе е во изолација, се вршат тестирања, пациентите што можат да го продолжат домашното лекување се дома, а оние што не можат, се префрлаат во други здравствени установи.
Во кругот на луѓето што директно или индиректно дошле во контакт со лекарката веќе има повеќе од 300 лица, пишува МКД.МК.






