Корона вирусот денеска е дијагностициран кај директорката на Клиниката за кожни болести, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.
Докторката допатувала од Италија и веќе е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Нејзината состојба моментално е стабилна.
Според министерот, таа не ги почитувала апелите за изолација во траење од една недела ако се патува во земја каде што има регистрирани случаи на Ковид-19 и по враќањето веднаш почнала да оди на работа.





