„Само Никола Карев протестира, нема настава! За последиците не ви гарантирам“, им се заканила директорката на средното скопско училиште „Никола Карев“, Горица Илиовска, на учениците кои бојкотираат наставата во знак на револт поради загадениот воздух.
По нејзината изјава, учениците ја исвиркаа.
Видеото, кое е поставено на „Јутјуб“, го објави фејсбук-групата „Средношколски глас“.





