По барање на министерот за здравство, Беким Сали денес до Министерството за здравство оставки поднесоа двајца директори на универзитетски клиники – директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.



Софијанова: Никогаш не сум земала 353.000 денари плата

Министерот Сали за Фокус потврди дека оставките се дадени по негово барање.

„Во последниот период и на двете клиники имаше доста скандали поврзани со работата на директорите и поради тоа мораше да се преземе ваков чекор. На тој начин се создадоа и сомнежи околу нивната работа и затоа тие денес си поднесоа оставки и на нивно место ќе бидат назначени нови директори“, вели Сали за Фокус.

Според информациите од Министерството за здравство ова е само почетокот на сите ревизии што ќе се изврши во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана.