Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство Венко Филипче и посочуваат дека му даваат безрезервна поддршка да продолжи да ги води.
Според нив, министерот е стожер на македонското здравство и од него се очекува да го врати дигнитетот на професијата лекар, пренесува Плусинфо.
„Затоа, во име на сите директори на јавните здравствени установи во земјава, категорично ја одбиваме оставката на министерот за здравство, д-р Венко Филипче и му даваме безрезервна поддршка да продолжи да не води“ се вели во писмото.
„Почитуван премиер, не ја прифаќајте оставката на министерот Филипче, само сфатете ја како длабоко морален чин на човек кој демонстрира висок степен на етика, морал, ематија и алтруизам. Почитуван д-р Филипче, продолжете да не мотивирате, за да можеме да ги претвориме емоциите во иницијатива за уште подобар здравственот систем. Нема оставка за министерот Филипче!“, напишаа во писмото директорите на јавните здравствени установи упатено до премиерот Заев.






