Директори на школи се степале во Кавадарци, ќе бидат разрешени

Под дејство на алкохол директори на две основни училишта од Кавадарци крајно недолично се однесувале во дискотека при што дошло и до физичка пресметка.



„Ние како родители сме згрозени од ваквиот однос во дискотека каде излегуваат нашите деца и бараме да се преземе одговорност и да си поднесат морални оставки. Градоначалникот и градот да превземат мерки за ваквиот недоличен однос од страна на директори на основни училишта“, се наведува во описот на видеото кое е објавено на Фејсбук.

Денеска околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – појасни за МИА вчера, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев за некои од медиумите истакнал дека по информациите добиени од МВР, ќе ги разреши директорите С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39).