Поранешниот новинар а сега директор во државната компанија за струја МЕПСО Љупчо Зиков во емисијата “Само вистина” на Канал 5 тврди дека Бугарија не се мешала во внатрешните работи на Македонија.
Според директорот во МЕПСО Бугарија може да бара се но Македонија е таа што ќе реши дали ќе ги прифати барањата на Софија.
Според него официјалните барања на Бугарија за признавање на бугарскиот корен на македонската нација и македонскиот јазик како бугарски дијалект не биле мешање во внатрешните работи на Македонија затоа што Македонија имала суверено право да не постигне договор.
Новинарот Борјан Јовановски на Твитер објавува уште една контроверзна изјава на Зиков:
“Ако го изгубивме идентитетот со Преспанскиот договор што ќе изгубиме сега со Бугарија”.
Во твитот тој добива повеќе одговори на цитатот од Зиков.
Зиков: "Ако го изгубивме идентитетот со Преспанскиот договор што ќе изгубиме сега со Бугарија" 😊
— Borjan Jovanovski (@BorjanJovanovsk) December 3, 2020





