Директорот за Казнено поправниот дом во Тетово од својот профил на социјалната мрежа Фејсбук вршел директор пренос во живо од концерт во просториите на затворот.
ВД директорот Ќефали Хавзију вчеравечер се вклучил во живо од забавата на која свири музичка група а затворениците се седнати на маси како на свадба.
Кој е поводот и законската основа за ваквата забава која кадарот на ДУИ ја организирал и ја пренесувал во живо засега не е познато.
Од Управата за извршување на санкции од каде што треба да следат работата на македонските затвори утрово нема реакција за однесувањето на директорот на ДУИ.
Видеото од забавата на овој линк
https://www.facebook.com/qefali.havziju/videos/407707897919149/






