Нов директор на Агенцијата управување со одземен имот е Дритон Небиу од Алијанса на Албанците.
Тој седнува во фотелјата на досегашниот кадар од СДСМ, Фатон Асани.
Кадар на алијанса ќе директорува и со ПИОМ
Алијанса на Албанците ќе има директори во МЕПСО и Македонски пошти
Новиот директор на Фејсбук објави дека честа да се предводи една институција како Агенција за управување со одземен имот, колку што е одговорна е и благородна.
„Како управител на оваа Агенција ќе се заложам на секого да му припадне она што го заслужува и она за што работел.
Затоа, управувањето со одземениот имот представува исправање на неправдата која му е нанесена на секој еден граѓанин на Република Македонија со самото враќање на одземеното, украденото или незаконски стекнатото како и незаконски користеното во полза на граѓаните и за граѓаните.
Работата на Агенцијата за управување со одземен имот во голема мерка зависи од она што правосудните органи ќе го докажат како незаконски стекнато или користено“, напиша Небиу.







