Директор и дипломат на Заев ги нарече дебили Гаши, Таравари, Хоџа, Мицкоски, Апасиев

Музичарот Златко Ориѓански, со нова патетична порака до следбениците на Зоран Заев. Според овој директор на Македонскиот културно информативен центар во Тирана, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и останатите потписници на договорот за пад на Владата се „дебили“, а тој и останатите „прогресивци“ биле „океан од лепота“-



Ние не смееме да се предадеме, до последниот човек, до последната мисла, до последниот здив не смееме да се предадеме на оние дебили, седнати таму на масата. Ние тоа не сме, ние сме океан од лепота, модерност, нежност, доброта и возвишеност – напиша на ФБ Ориѓански.

Текстот инаку е напишан на латиница, со голем број грешки, употреба на србизми и неправилна интерпункција.