Дирекцијата за нафтени резерви ја купи нафтата од Агенцијата за стоковни резерви за да се најдат пари за купување на пченица. Извршен е трансфер на пари од околу 200 милиони денари.
Оваа сума пари вообичаено секоја година останува како резервна за Дирекцијата за нафтени резерви, која се финансира со околу 0,9 денари од секој литар купено гориво во земјата, но оваа година парите ќе одат за Агенцијата за стоковни резерви, потврди директорот Уљуси Бекири.
– Префрливме околу 4 милиони евра за да може Агенцијата за стоковни резерви да купи житни култури, а ние од нив ќе ја добиеме нивната нафта. Тоа се пари кои ги имаме секоја година за да можеме однапред да купиме нафтени резерви, ни рече Бекири.
Во петокот опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата да интервенира со 40.000 тони пченица за брашното и лебот, за како што велат оттаму, да не станат луксуз, откако како основни намирници достигнаа рекордно високи цени како никогаш до сега.
„Од почетокот на кризата до денес владата не интервенираше ниту еднаш на пазарот со пуштање во оптек на дел од државните резерви. Имено доколкu не се превземат итни мерки преку пуштање во оптек на пченица од државните резерви, цените ќе растат и лебот и брашното буквално ќе бидат луксуз за нашите сограѓани“, рече меѓудругото Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Фактор.мк