Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) најави дека поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на одредба од Етичкиот кодекс na МНР, преку која на мала врата се врши притисок и малтретирање на вработени во МНР.



За тројца членови на МДС, пред неколку дена биле покренати дисциплински постапки од страна на раководството на МНР.

„И покрај тоа што укажавме на неисполнување на основните законски и уставни предуслови за такво нешто, отворената хајка против дипломати од кариера не застанува“, асе вели во соопштението на диипломатскиот синдикат..

ОД МДС велат дека се спротивставуваат на волунтаристичкото покренување дисциплински постапки против сите оние што не му се допаѓаат на „шефот“, цементирање на кариерите на младите дипломати за сметка на помал број неискажани и исфрустрирани, целосно игнорирање на економските и социјални потреби на вработените и поделбите на “наши” и “ваши” од страна на самиот врв.