Претседателот на Италија, Серџо Матарела, денеска во вечерните часови ќе пристигне во Скопје во рамките на официјалната посета на Македонија и Албанија.
Како што соопштија од италијанската амбасада во Скопје, Матарела ќе биде примен од страна на Пендаровски (со кој веќе се сретна во Рим во ноември 2019 година и во мај 2021 година), а по тет-а-тет средбата, заедно со нивните делегации, државниците ќе одржат работна средба. На крајот предвидена е прес-конференција.
По средбата со Пендаровски, Матарела во Собранието ќе биде примен од претседателот на парламентот Талат Џафери. Во рамки на свечената седница, италијанскиот претседател ќе се обрати до пратениците и граѓанските и верските претставници во земјата. Потоа, заедно со претседателот Пендаровски, ќе се поклони на споменикот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.
Во попладневните часови и премиерот Ковачевски ќе го пречека Матарела, со што италијанскиот претседател ќе ја заврши посетата.
Во официсјална посета на Македонија денеска е и претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, како и шефот на дипломатијата на Холандија.







