Дипломатка дискреционо унапредена за промена на името и испратена кај сопругот

Минатата недела министерот за надворешни работи Никола Димитров унапредил вработена во МНР за амбасадор за успешно водење на преговорите со Грција и за промена на името, тврдат македонски дипломатски извори.



Унапредувањето е направено врз основа на дискреционо право на министерот што е реткост во земјите на ЕУ.

Дипломатката заминува првично на мисија како “ополномоштен министер” а сега и со звање амбасадор што значи дека нема да биде вистинска амбасадорка но ќе има привилегии и плата како шефот на македонската мисија во една земја од далечниот исток.

Дополнителен проблем во дискреционото именување е што дипломатската заминува во земја каде на мандат е нејзиниот сопруг кој е државјанин на трета земја со што се отвара и прашањето за влијанието на брачните односи на одлуките што ќе ги носи македонската дипломатка.

Дипломати кои со децении работат во МНР не паметат вакво вонредно стекнување на највисокото дипломатско звање ниту упатување на мандат на место каде македонски дипломат ќе служи со свој сопруг од друга држава.