Дипломатите бесни: Заев не смеел да каже дека БЈБ го води член на СДСМ

Дел од западните дипломати во Скопје се бесни по изјавата на премиерот Заев во која тој вели дека началникот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски припадник на СДСМ и верува во политиките на СДСМ.



За нив најважно за шефот на БЈБ е да верува во правилата на МВР, законите и уставот а не во партиски политики

Јасно е дека министерот Спасовски е политичка фигура и дека Велковски е именуван како партиски кадар на СДСМ. Како што е јасно дека премиерот сака да создаде кохезија во својата партија во критични моменти за него, но во ситуација кога ЕУ бара прецизно и јасно департизација на јавната администрација, особено на полицијата, погрешно е да се даваат изјави за партиска припадност на првите луѓе на МВР, реагираат дипломати кои инсистираат на анононимност.

Според македонските закони и внатрешни правила ма МВР неговите припадници не смеат да се организираат на партиска основа.

Во законот за МВР е јасно наведено дека Велковски не смее да се организира на партиска основа и затоа премиерот не смеел да ја поврзе неговата професионална со партиската активност.

Посебно прашање е тоа што Велковски и покрај тоа што сите видоа дека го прекршил законот нема да биде казнет туку ќе остане на функција во МВР, поради како што наведе Заев неговото искуство.

Овие потези на владата будно се следат и во Брисел и во главните градови на земјите членки кои вршат мониторинг на спроведувањето на препораките по забелешките дадени од ЕУ, велат изворите на expres.mk кои не исклучуваат дека овој случај како и неколку други во кои имаше очигледна корупција и конфликт на интереси во врвот на Владата ќе се најдат во некој нов “нон пејпер” каков што лиферуваа Франција, Холандија и Данска пред неколку месеци.