По повод денешната 24-годишнина од НАТО бомбардирањето на Југославија, американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, вели дека знае оти српскиот народ никогаш нема да ја стави настрана својата тага, но верува дека има доволно сила да ја потисне горчината.
„Го посветив својот живот на дипломатијата – изнаоѓање дипломатски решенија за навидум нерешливи проблеми. За време на мојата дипломатска кариера научив дека дипломатијата понекогаш знае да потфрли. Кога тоа се случува, последиците може да бидат трагични. Сакам да испратам искрено сочувство до семејствата од оние кои загинаа во војните во 1990-тите, вклучително и во бомбардирањето на НАТО“, напиша Хил на Твитер.







