Дипломати шират партиска пропаганда, МНР молчи (1)

Случаите со професорката Дариа Андовска која објави дека заради нејзините постови на Фејсбук е на удар на деканот и продекани на Музичката академија во Скопје го отвори прашањето за политички реваншизам за едни и заштита за други.



Мобинг на Музичката академија, професорка нападната за личен став

Додека Андовска и професорката Елка Јачева Улчар поради своите лични ставови се соочуваат со закани, уцени и притисоци на факултетите на кои предаваат за македонските дипломати што во обид да се пресметаат со противниците на СДСМ нема никакви санкции.

Една од “заштитените” дипломати која иако платена со наши пари спроведува агенда која не е дел од нејзиниот мандат е вршителката на должност односно прв човек во македонската амбасада во Москва Оливера Димовска.

Дипломатката која е кадар на министерот Никола Димитров во најмалку два наврати во последниве 6 месеци надвор од секоја дипломатска практика од далечната Москва се вклучува во домашни политички теми обидувајќи се да ги одбрани позициите на СДСМ.

Во едниот наврат таа го напаѓа Орце Камчев кого го обвинува за мито во случајот Рекет а во другиот случај се пресметува и го навредува новинарот Бранко Героски.

Во МНР досега нема отворено дисциплинска постапка за дипломатската во Москва која својата пропагандна активност според часот на објавите најмалку една од нив ја направила во работно време во амбасадата во Москва.

Expres.mk истражуваше за повеќе вакви примери од државната администрација кои ќе ги објави наскоро.