Руски дипломат во седиштето на Обединетите нации во Женева поднесе оставка од својата функција во светската организација.
„Никогаш не сум се срамел толку од мојата земја“, објавил дипломатот Борис Бондарев кој дваесет години ја претставувал Русија во дипломатски мисии.
Бондарев заминувајќи од руската дипломатија ги повикува сите други руски дипломати во Обединетите нации – и ширум светот – да го следат неговиот морален пример и да поднесат оставка.

Во писменото образложение Бондарев обвинувањата за политиката на Москва ги упатува до мала група луѓе кои почнале војна поради свои лични интереси.
Тој објаснува дека Русија веќе нема пријатели и дека води воена агресија која е спротивна на интересите на човештвото.






