„Косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај се мафијаши, не се заинтересирани за народот, тие се заинтересирани само за пари и за моќ“ – изјавил поранешниот американски конгресмен и долгогодишен албански лобист во САД, Џозеф Диогарди.
„Албанската елита мисли дека сè може да се купи со пари“, изјави Диогарди за косовскиот портал „Инсајдер“.
Џозџев Диогарди и Том Лантос се сметаат за најголеми албански лобисти и борци за независност на Косово.
Диогарди, како што пренесуваат медиуми српски медиуми, пишува книга во која ќе ги открие сите детали од неговата работа околу прашањето на Косово, почнувајќи со својата прва посета на Белград и Приштина во 1989 година, како и, како што тврди, злосторствата извршени во Косово за време на Слободан Милошевиќ.
За Диогарди, најголемото достигнување за Косово, неговата независност. Тој е убеден дека Косово никогаш нема да се приклучи на Албанија.
Диогарди со години раководи со Американско-албанската лига во Вашингтон.





