Генералниот секретар на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, суден и подоцна амнестиран за настаните од 27 април 2017 година, но не потклекна пред уцените и заканите, како што вели, да гласа во Собранието за промена на уставното име, со драматична порака во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.
„Ние од политиката секогаш викаме: ‘Овие избори се историски’. Но, овие избори се од многу големо значење поради тоа што, не само според мене, туку тоа е мислење и на најголемиот дел од јавноста, ако сега не успееме да си ја вратиме државата – нема да ја имаме! Отидена е работата многу далеку. Сите треба да бидат свесни во каков ризик се впуштаме доколку некој е колеблив, или се замерил, или има не знам какво мислење. Една е мислата – Македонија. Друго нема. Или ќе биде, или нема да биде“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од 2009 до 2014 година и поранешен пратеник.






