„Патот кон ЕУ не е поплочен со добри намери, а Бугарија треба да учи европски вредности од Македонија“, објави на Фејсбук поранешниот претеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
„Едно е да се отвори бугарски културен центар, но друго е тој да се отвори со пари од Република Бугарија, да се крсти “Иван Михајлов”, да го отвори премиер на Република Бугарија кој (исто како и неговите претходници) не признава постоење на македонско малцинство во Бугарија и засебност на македонскиот народ низ вековите наназад, а токму тој премиер и неговата Влада да не дозволат преговори за членство на Република Македонија во ЕУ под изговор за непочитување на малцински и човекови права…“- пишува Димовски.







