Новинарот Димовски: Портпаролката на СДСМ прави кривично дело

Еден од најдобрите познавачи на македонскиот правосуден систем меѓу новинарите Саше Димовски смета дека објавувањето и користење за политички цели на предмет кој бил избришан од евиденција на правосуден систем е кривично дело.



Димовски индиректно на екс колешката Богданка Кузеска и објаснува дека со објавување на стари наводни податоци за престап на пратеникот Антонио Милошоски таа прави кривично дело за кое може да добие кривична пријава за која лесно би била осудена.

“Може ли да и објасни некој паметен ПРАВНИК во СДС на КузеТска дека со вака изнесените податоци прави кривично дело На колку и да бил осуден, за дело од пред 17 години, казната е избришана од евиденција, сигурно! За вакво изнесување на податок по бришење на осуда КАКВА КРИВИЧНА ЛЕЖИ, не е свесна! Ако не знаат како се пишува, нека ми се обратат за да ја научиме портпаролкава и папагалите во партијата што е исто така казниво!!”, пишува Димовски кој е познат по својот директен критички говор кон сите власти во последниве дваесетина години вклучително и кога партијата на Милошоски ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Димовски во својот пост коментира вест на Агенцијата Макфакс.

https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%BA%D1%83%D0%B7%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%BE-%D0%BC%D0%B8/