По денешното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ со став дека очекувале шефот на државата да проба да гради мостови, но очигледно тој се уште не е излезен од чевлите на СДСМ и наместо да понуди мостови и помирување тој само успеа да ги продлабочи поделбите.
„Сакаме да му порачаме дека седум месеци се доволни за да излезе од својот партиски дрес. Време е да се постави како претседател на сите граѓани“, изјави пратеникот Илија Димовски.
Очигледно покомотно се чувствува кога ги зазема ставовите на партијата, вели Димовски.
„ Чувме многу празни зборови, но не слушнавме ништо конкретно. Чувме дијагнози, но не чувме конкретни решенија“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски вели дека од Пендаровски не слушнале ништо во однос на неговите последни изјави за Гоце Делчев и иселувањето на младите.
„За неколкуте идеи што ги соопшти, мора да кажам дека нема никакви консултации со пратениците и опозоцијата што само потврдува дека тој не успеал да излезе од партиските чевли на СДСМ“, рече Димовски.





