Меѓународниот ден на трудот денеска ќе биде одбележан на поинаков начин, а не со традиционалното одење „на скара“, вели Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во неделното интервју за Радио слободна Европа.



Дефинитивно протести, за потоа тоа да прерасне во едно општо задоволство дека ние работниците денеска ќе се собереме и да ги бараме нашите права согласно закони и колективни договори и да пратиме до нашите народни избраници, работодавачи и Владата една јасна порака дека бараме повисоки плати во оваа економска, енергетска и по ново воена криза, за да може да опстанеме како работници и она што го работиме да биде вреднувано достоинствено.

На прашањето далиима „политичка заднина“ зад најавениот протест, Димовски вели:

Мене лично како Дарко Димовски, како претседател на Сојуз на синдикати на Македонија, ми е јасно дека ниту владата, ниту опозицијата не сака да има јак синдикат. Зошто за опозицијата го кажувам тоа? Бидејќи ние ги решаваме оние проблеми од работен однос во интерес на работниците.

Јасно ми е дека тогаш опозицијата нема што да критикува, бидејќи ние како Сојуз на синдикати на Македонија, сè што ни беше зацртано – Недела неработен ден, плус зголемување од минимум 50 отсто на дневницата за оние што работат во недела, потоа минимална плата од 18 илјади денари, и сега новата методологија за скалесто покачување на останатите плати и правото кога, баш во 2008 година кога еден несреќен министер и еден несреќен синдикат, се изгуби правото на регрес во јавниот сектор или актуелното К-15.

Димовски вели дека во администрацијата имаме работници кои не одат на работа и тие се баш партиски работници. А тој што вистински работи на своето место има поголем обем на работа, бидејќи работи и за колегата кој не оди на работа…