Пратеникот Илија димовски му честита на новинарот Борјан Јовановски за тоа што во текот на вчерашната дебата на 1ТВ не го користел зборот Северна на што новинарот одговара дека немало потреба да го споменува.
Предходно во дебатата Јовановски тврдеше дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димовски го користел зборот на буквата С на што доби одговор дека тоа никогаш не се случило дури ни на обраќање на Северноатоалнскиот совет на НАТО во Брисел пред врвни американски претставници.
Недобивање на датум за преговори со толку голема жртва како промена на име и идентитет е знак дека Македонија е нефункционална држава, беше тезата на Димовски на што Јовановски одговараше дека владата завршила се што се барало од Брисел но дека проблемот е во внатрешните односи во земји членки на ЕУ.
Јовановски не се сеќава дека лани владата прославувала добиен датум за преговори ниту на фотографијата на Заев и неколку министри во авион прославуваат со селфи добиен датум од ЕУ.
Во интервјуто во кое Јовановски изјави дека во Македонија има многу неспроведени реформи но дека земјата ги спровела барањата на ЕУ од лани тој тврдеше дека не во јуни но во текот на годинава Македонија сигурно ќе добие датум.
Новинарот на 1ТВ важи за одличен познавач на состојбите во ЕУ, неговата сестра работи во мисијата на Македонија во ЕУ во Брисел а негова внука е дописник на Македонската информативна агенција од Брисел.
За Димовски било лесно да биде гостин на Јовановски и да се подготви за одговори затоа што тој ги поставувал сите прашања и тези кои што ги употребуваат Заев и другите министри како и тимот за пропаганда на владата.





